Бесими стана гувернер на Македонија во ЕБОР
Објавено во: Финансии 03 Септември, 2020
На денешната седница, Владата ја донесе Одлуката, министерот за финансии Фатмир Бесими да биде именуван за гувернер на Република Северна Македонија во Европската банка за обнова и развој. Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, престанува да важи Одлуката за именување на гувернер на Република Северна Македонија во Европската банка за обнова и развој од 10 септември 2019 година.