НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата
Објавено во: Финансии, Македонија 30 Април, 2024 07:55
Административците кои се задолжени за спроведување на вработувањата во сите јавни институции не можат да се пофалат со високи плати. Нивните примања се околу просечната плата во Македонија, иако имаат обврска да ги организираат изборот и процедурите за вработување на нови лица во јавните институции. Воедно тие се првата линија за жалби и поплаки од веќе вработените административци низ цела држава, кои пак најмногу се жалеле токму за платите.
Годишниот извештај на Агенцијата за администрација покажува дека во 2023 година оваа институција има одобрен буџет од 44.116.000 денари и буџет од самофинансирачки активности 100.000 денари. Со одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници во октомври 2023 година, буџетот на Агенцијата се зголемил на 44.748.000 денари, но во декември бил намален на 44.528.000 денари.
- Од вкупниот износ на одобрени средства на основен буџет најголем дел – 74,85 отсто беа наменети за плати и надоместоци, 17,72 проценти за стоки и услуги, 0,42 отсто за субвенции и трансфери и 7,01 процент за капитални расходи – се наведува во извештајот.
Бројките покажуваат дека минатата година оваа институција потрошила 33.106.195 денари за плати и надоместоци. Со оглед дека во институцијата има 54 вработени лица, излегува дека секој од нив добил по 51 илјада денари бруто плата, или 36.199 денари нето плата.
Со оглед дека раководните лица зимаат очекувано повисоки плати, дел од вработените имаат и пониски плати од 36 илјади денари.
Освен освниот буџет, Агенцијата располага и со буџет од самофинансирачки активности согласно надлежноста од Законот за административни службеници, според која може да организира, координира и спроведува постапки за селекција за вработени во јавниот сектор кои немаат статус на административни службеници, за што на инситуциите може да им наплати надоместок утврден по тарифник. Во 2023 година буџетот на самофинансирачки активности беше проектиран на 100.000 денари.
Во 2023 година Агенцијата потрошила 96,57 отсто од средствата од основниот буџет. Но, од средствата од самофинансирачките активност, Агенцијата во текот на минатата година нема остварено воопшто приходи, но имала прнесено вишок средства кои останале од 2022 година, кои се реализирани во износ од 27.116 денари, што е 27,12 отсто од одобрениот буџет.
Од Агенцијата во својот годишен изветшај укажуваат дека одредени институции, особено јавни претпријатија и установи основани од локалните самоуправи не доставуваат законски комплетирани барања за објавување јавен оглас, поради што биле запрени дел од постапките, бидејќи инситуциите не одговараат на барањата или ги комплетираат по истекот на роковите.
- Најголем број институции од јавниот сектор во 2023 година во повеќе наврати поднесуваа барања за објавување јавен оглас за едно работно место со еден извршител, иако имаат одобрени планови за вработување со повеќе работни места и извршители.
Повеќе од половината објавени јавни огласи се во последните месеци од 2023 година (ноември и декември) – посочуваат од Агенцијата за администрација.
Агенцијата е надлежна за жалби и приговори од административните службеници, која ја спроведува посебн акомисија. Во текот на минатата година комисијата разледала и одлучила по вкупно 784 жалби, при што 772 жалби биле од административни службеници, 12 од лица без статус на службеник. Притоа 559 жалби биле поднесени од државни службеници, додека 213 од јавни службеници.
Најголем број жалби на државните службеници биле по основ на плата и надоместоци на плата кои опфаќаат 42,58 отсто и избор по јавен оглас кои опфаќаат 11.09 проценти од вкупниот број на решени жалби, додека најголем број беа по основ на суспензија и материјална одговорнсот, кои опфаќаат само 0,72 проценти од вкупниот број жалби. Притоа, повеќе од половина од жалбите на државните службеници се одбидени, односно 66,55 проценти се решени негативно, додека 26,03 се позитивни.
Најголем дел од жалбите на јавните службеници исто така се по основ плата, избор на јавен оглас и престанок по сила на закон.
П.О.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





