НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција
Објавено во: Финансии 29 Април, 2024 11:42
Акциите на технолошката корпорација Мета паднаа за 15 отсто пред отворањето на берзите во Соединетите Американски Држави, откако извршниот директор на компанијата Марк Цукерберг за време на повикот за заработка објави дека инвестициите во вештачката интелигенција (ВИ) можат да донесат профит само на долг период.
Мета изгуби повеќе од 180 милијарди долари од пазарната вредност по падот на нејзините акции, пренесува Ројтерс.
Компанијата забележа раст на приходите и профитот над очекувањата на Волстрит во првиот квартал од 2024 година, но се очекува растот да забави понатаму.
Покрај тоа, Цукерберг најави значителни инвестиции во вештачката интелигенција и метаверс, пренесува порталот Verge, наведува Танјуг понатаму.
„Историски гледано, инвестирањето во градењето на овие нови искуства во нашите апликации беше многу добра долгорочна инвестиција за нас и за инвеститорите кои останаа со нас“, рече Закерберг.
Тој додаде дека процесот веројатно ќе трае неколку години.
„Постојат неколку начини да се изгради огромен бизнис овде, вклучително и зголемување на деловните пораки, воведување реклами или платена содржина во интеракции со вештачката интелигенција“, рече Закерберг.
Извршниот директор на компанијата со седиште во Менло Парк, исто така, сугерираше дека употребата на системот за вештачка интелигенција Мета АИ може да го подобри квалитетот на рекламите.
Мета моментално генерира 98 отсто од приходите од дигитално рекламирање.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





