08 Август, 2020
0.0393

БЕСКАМАТНИ КРЕДИТИ - дури 96 отсто ги зеле микро и малите фирми

Објавено во: Финансии 18 Април, 2020

За првата кредитна линија преку Развојната банка на Северна Македонија, од 5,9 милиони евра, веќе се одобрени договорите за бескаматните кредити што беа одобрени од Владата. Условите ги исполнија 163 компании со 1.737 вработени, и на нив им се одобруваат бескаматни кредити во вкупен износ од 1.263.079 евра.

Од овие компании-апликанти, како што посочи премиерот Оливер Спасовски на денешната видеосесија, 96 проценти се микро-претпријатија кои вработуваат до 10 вработени и на мали компании до 50 вработени, што покажува дека средствата од бескаматната линија Ковид1 примарно ќе стигнат до микро и малите компании.

Вториот сет договори од Кредитната линија од Посебниот кредитен фонд со цел намалување на последиците од коронавирусот КОВИД-19, рече премиерот е одобрен на седницата на Владата.

Премиерот Спасовски информираше дека на уште 118 компании со 1.116 вработени, им се одобри користење на бескаматни кредити во вкупен износ од 936.602 евра што значи во првата и втората група, се одобрени вкупно 254 кредитни апликации во вкупен износ од околу 2,2 милиони евра, за компании со околу 2.853 вработени.

„Ако ги погледнеме компаниите по структура, од вкупно одобрените кредитни апликации, микро компаниите до 10 вработени учествуваат со 69 проценти, малите компании до 50 вработени учествуваат со 28 проценти, а средните компании до 250 учествуваат со четири проценти“, рече Спасовски објаснувајќи дека мерките се донесени со цел, зачувување на работните места и за помош на компаниите да имаат ликвидност за да продолжат со својата економска активност, што е од особено значење по завршувањето на здравствената криза.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОИ СЕ ДОБИТНИЦИТЕ: Месечни награди од по 20 илјади денари, „милиончето“ ќе стигне во декември

ЕВЕ КОИ СЕ ДОБИТНИЦИТЕ: Месечни награди од по 20 илјади денари, „милиончето“ ќе стигне во декември

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИОТ БИЗНИС ПРОФИТАБИЛЕН И ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА: Македонски телеком со добивка од 11,2 милиони евра за првото полугодие

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИОТ БИЗНИС ПРОФИТАБИЛЕН И ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА: Македонски телеком со добивка од 11,2 милиони евра за првото полугодие

ГИ ИМА ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА: Ова се фирмите кои земале субвенции, а не исплатиле плати на вработените

ГИ ИМА ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА: Ова се фирмите кои земале субвенции, а не исплатиле плати на вработените

Алкалоид со двојно зголемени инвестиции во износ од над 841 милиони денари и со 111 нови вработувања од јануари-јуни 2020

Алкалоид со двојно зголемени инвестиции во износ од над 841 милиони денари и со 111 нови вработувања од јануари-јуни 2020

Комерцијална банка „корона вирус“ не ја фаќа!

Комерцијална банка „корона вирус“ не ја фаќа!