06 Декември, 2025
0.1404

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

Објавено во: Финансии 25 Април, 2024 17:49

Добивај вести на Viber

Вкупните приходи на најголемата банка (според активата н.з.) изнесуваа над 32 милиони евра за 91 ден (јануари-март 2024 година). Од нив чиста добивка се 19,2 милиони евра. „Комерцијална банка“ со вакви резултати и без баластот „Фени“ многу веројатно ќе продолжи да биде една од најпосакуваните акции и главен маркет-мејкер на нашиот пазар на капитал

„Комерцијална банка“ има одличен прв квартал во оваа година. Нова рекордна добивка, ново рекордно ниво на нето приходи од камати, кредитни пласмани кои надминаа една милијарда евра.

Заради сите овие параметри оваа акција е „бест нај“ на македонскиот пазар на капитал и по истекот на рокот за поделба на дивиденда која исто така беше и повеќе од солидна.

За првите тримесеци годинава „Комерцијална банка“ оствари добивка од 19,2 милиони евра и тоа е нејзин квартален рекорд на сите времиња. Како инвеститорите ќе ја конзумираат оваа информација допрва ќе видиме, но е тешко да се најде аргумент кој ќе ги сопре да купуваат акции од таа банка. Особено сега откако банката го реши отвореното прашање со рестартот на кавадаречки „Фени“.

Добивката за три месеци е повисока за речиси 14 отсто во споредба со првото тромесечје лани.

Главен двигател за растечката добивка се зголемените нето приходи од камати. За првиот квартал годинава тие изнесуваат 23,8 милиони евра и се повисоки за 5 милиони евра во однос на истиот период лани. Солиден раст има и кај втората најголема приходна ставка – нето приходите од провизии и надоместоци. Од нив банката инкасирала 5,5 милиони евра или 1,1 милиони евра повеќе од истиот период 2023 година. Од курсни разлики и од останати приходи од дејноста се инкасирани уште 3 милиони евра. Значи вкупните приходи на најголемата деловна банка според активата за три месеци изнесуваат над 32 милиони евра.

За резервации на пласмани банката издвоила 4,47 милиони евра што е за пет пати повеќе од истиот квартал лани. Но тоа е очекувано со оглед на тоа дека има раст на кредитното портфолио за 42 милиони евра. Нејзините кредитни пласмани (без банки) за првите три месеци годинава вредат над една милијарда евра.

За своите вработени банката води стимулирачка политика. За нив потрошила 3,9 милиони евра што е за 272.000 евра повеќе од истиот период минатата година.

Солиден дел од својот кредитен потенцијал банката чува и во државни хартии од вредност. Во нив на 31 март годинава чува 529 милиони евра што е раст од 44 милиони евра за три месеци.

Вредноста на депозитите е минимално намалена и изнесува 2,3 милијарди евра.

Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката