Бесплатен „Рифреш фестивал“?!
Објавено во: Мои пари 01 Јули, 2013
На отворениот паркинг простор на Веро центарот од 4 ти до 7ми јули ќе се случи вистинско разладување за целиот град. За првпат годинава се организира Веро Рифреш фестивалот кој ќе понуди одлична музичка програма, освежување со многу мезе и ледени пијалаци, вкусен сладолед, сочна скара и ладно пиво.
Четирите фестивалски денови ќе започнуваат од 18 часот, па ќе траат се до 1 часот по полноќ.
Покрај вкусното мени организаторите најавуваат и одлична музичка програма: Супер Хикс, Влатко Стефановски , Харе Гуру бенд, Филип трио џез, Зад Аголот, Крос Роуд, Лабаво лабаво, голем број на наши домашни Ди Џеи и уште многу други.
„Топлите летни денови во Скопје ни беа главната инспирација за да го направиме овој хедонистички четиридневен фестивал, кој се надевам ќе прерасне следните години и во традиција. Го нарековме „Рифреш фестивал“ бидејќи целта ни е да ги разладиме посетителите и на едно место да им понудиме освежително и вкусно мени зачинето со одлични музички бендови и Ди Џеи“, изјави Костас Теодосијадис, генерален директор на „Веро“ супермаркетите.
Влезот за сите посетители е слободен, единствено е потребно со себе да го понесат доброто расположение.