14 Мај, 2024
0.0255

Без изговори! Сигурносниот појас спасува живот

Објавено во: Мои пари 27 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

„Не ставам појас затоа што ме стега - не можам да возам“, „Кога возам на кратка релација, не ставам појас – не се исплати“, „Ако било пишано, појасот нема да те спаси“.... Ова се најчесто употребувани изговори во нашето сообраќајно секојдневие. Но, за жал, празни изговори... Возењето без појас е причина за голем број сериозно повредени лица во сообраќајни незгоди.

Статистика: 

·  Истражувањатапокажуваат дека во Република Македонија,самооколу 30% од возачите користат сигурносен појас. Тој процент е уште помал кога се работи за сопатниците на предното седиште, а за патниците на задните седишта, процентот на лица кои користат појас е приближно еднаков на нула.

·  Во Македонија, според статистичките податоци, правилото за користење сигурносен појас, најмалку го почитуваат младите на возраст од 17 до 34 години.

Доста интересен е податокот дека во помалите градови возачите поретко користат појас, отколку во главниот град Скопје, како и податокот дека појасот ретко се користи при возење во населено место, отколку надвор од населено место. 

·  Возачите од земјите во Европската Унија, користењето безбедносен појас го имаат сфатено многу сериозно, па оние возачи кои забушаваат со користење појас, иакосе во мал процент (10% на предните седишта, а 25% на задните седишта), се сметаат за „сериозен проблем“. Една од попроблематичните земји во ЕУ, во однос на користење безбедносен појас е Бугарија - само 55% од возачите користат појас. За разлика од неа, во Германија, процентот на возачи кои користат појас е високи 93%.

·  Истражувањата од релевантните меѓународни организации покажуваат дека 50% од возачите загинале поради тоа што не користеле појас, односно, сигурносниот појас го намалува ризикот од фатални последици при сообраќајни незгоди дури до 50%.

Според статистиката, можеме да заклучиме: некористењето сигурносен појас е сериозен проблем со кој се справува нашето општество и треба да се преземат сериозни мерки за негово решавање и спречување.

Покрај многубројните едукативни кампањи и активности, жално е да кажеме, но казнувањето на возачите и сопатниците е една од мерките која најмногу влијае врз дисциплината во сообраќајот.

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во Република Македонија, правилото е јасно: возачот и лицата кои се превезуваат со возилото (во кое се вградени сигурносни појаси), задолжително треба да користат појас кога возилото се движи во сообраќај на пат.

Секоја отстапка, секое непочитување на Законот, се казнува со 40 евра во денарска противвредност или 25 негативни бода за возачот на возилото,додека за лицата кои се превезуваат со возилото (патниците), а не користат сигурносен појас, казната изнесува 50 евра во денарска противвредност.

Иако казните за оние кои не користат појас се големи, сепак нема поголема казна од последиците од сообраќајните незгоди. Уништени животи, уништени семејства, траен инвалидитет, болка и траума кои траат цел живот. Користењето сигурносен појас е избор меѓу животот и смртта. Добриот возач не само што знае да вози, туку и ги почитува сообраќајните правила и прописи.

РСБСП ги советува сите возачи да не дозволуваат возењето без појас да биде нивната „лоша навика“. Користете појас секогаш и секаде - без изговори!

„Појасот ме стега“. „Патувам на кратко растојание“. „Не возам брзо“. „Не се чувствувам пријатно“. „Возам внимателно, нема шанси да направам сообраќајна незгода“. „Појасот ми ја намалува комоцијата кога возам“. „Не знаев дека и тие на задното седиште треба да носат појас“. „Ако било пишано, појасот нема да те спаси“... Изговори, изговори и само изговори... Ниеден изговор не е оправдан! Ништо нема да те заштити како сигурносниот појас. Едноставно, немаш изговор за одговорно учество во сообраќајот!

Изгубеното време при ставање на појасот или минималното губењекомоција додека се возите, не се ништо, во споредба со фактот дека појасот е чувар на вашиот живот.

РСБСП: Запомнете, ефектите од користење сигурносен појас се посилно изразени при брзини кои се достигнуваат во населено место. Сообраќајните незгоди се случуваат секому, секогаш и секаде и тоа најчесто кога најмалку очекувате. Затоа, без изговори! Секогаш користете сигурносен појас. 


Можеби ќе ве интересира

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна од осигурување на домот?

Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна од осигурување на домот?

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall

Лесја Украинка: Децата на украинскиот Харкив страдаат од секојдневни гранатирања со руски бомби

Лесја Украинка: Децата на украинскиот Харкив страдаат од секојдневни гранатирања со руски бомби