05 Мај, 2024
0.0257

Бежичното полнење е на пат да стане реалност 

Објавено во: Стил 25 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Бежичното полнење е технологија која го олеснува секојдневието на многумина кои не сакаат да размислуваат за кабли и класичен полнач, но има еден сериозен недостаток - работи многу побавно во споредба со модерниот начин за брзо полнење.

Ова сепак е на пат да се промени, бидејќи „Wireless Power Consortium“ ги ревидира спецификациите на стандардите и најави дека следната верзија ќе може да обезбеди до 15 вати енергија во споредба на сегашните 5 вати.

Ова би требало да ја намали значително разликата помеѓу постоечките брзи полначи адаптери и безжичните решенија.

Организацијата одобрила и тест постапки и алатки потребни за проверка за компатибилноста на производите со брзо безжично полнење со новите спецификации на стандардот „Qi“ и обратна компатибилност со сите постоечки уреди со технологија на „Qi“.