БЕЗРЕДИЕ: Нападнати полицајци во сендвичара
Објавено во: Македонија 20 Мај, 2018
Напад на полицаијци поради вршење на својата должност.
Имено, при вршење на службени дејствија по претходно нарушен јавен ред и мир во сендвичара во населба Илинден, денеска околу 01.50 часот двајца полициски службеници биле физички нападнати од страна на К.К.(18) и М.М.(21) двајцата од населба Илинден.
Лицата се приведени.
Заради укажување на лекарска помош М.М. е пренесен во комплекс клиники "Мајка Тереза". Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
За настанот е известена внатрешна контрола.