03 Мај, 2024
0.0301

БЕЗВЛАСТИЕ: Од денеска нема градоначалници, како ќе работат општините?

Објавено во: Македонија 15 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Денеска истекува мандатот на актуелните градоначалници на општините. Локалната власт ќе биде парализирана а со тоа и услугите за граѓаните, доколку политичките партии денеска не постигнат консензус околу одржувањето на локалните избори. Засега е неизвесно каков ќе биде исходот од денешната координација на претседателот на Собрабнието Талат Џафери со пратениците. На коордницијата треба да се разговара за датумот кога би се одржале локалните избори, но и ако партиите ги услогласат ставовите треба да се бара начин како да се измени Изборниот законик, откако Уставниот суд се прогласи за ненадлежен за измените на закониските одредби во делот на продолжување на мандатот на градоначалниците. Спроед процедурите, прво треба да се избере Комисијата за избори и именувања која е дел од конститутивната седница која сеуште не е завршена и за која сеуште се пријавени околу 40 говорници. По изборот на Потоа треба да се избере Комсијата за политички систем и односи меѓу заедниците, и дури потоа да се пристапи кон измени на Законот за локална самоупорава и на Изборниот законик. Сите овие процедури би можеле да се завршат и во еден ден но само ако договор меѓу политичките партии. 

А во јавноста политичките партии веќе лицитираа со датуми за одржување на локалните избори, како септември, окотмври, ноември. Претседателот на Собранието Џафери, минатиот петок изјави дека на денешната координација ќе побара од пратениците да профункционира Собранието за да можат да се договорат и за датум за изборите.  

И од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ порачуваат дека ќе постапат на начин кој ќе биде во корист на граѓаните. Но меѓусебно се обвинуваат кој е виновен за блокадата локалната власт. Од СДСМ велат дека дека однесуваат конструктивно и да не ги кочеше ВМРО-ДПМНЕ процесите, ќе имало и локална власт.  

„Неразумните блокади од ВМРО-ДПМНЕ веќе ги оставија граѓаните од денска без градоначалници и советници, вработените во општинските установи без плати, луѓето без потребните општински услуги. Очигледно целта е уште позагрижувачка, хаосот по повеќемесечната блокада за формирање на новата Влада, да се преслика и на локално ниво, што ќе ја парализира целата држава. Тоа нема да го дозволиме“, велат од СДСМ.

Од ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ на непринципиелен начин го уценува овозможувањето на локални избори со поврзување за очекуваниот или посакуваниот мандат од Зоран Заев.

“Локалните избори мора да се одржат што поскоро за граѓаните да имаат градоначалници, општини и од нив надлежности и функции без разлика дали Претседателот на државата или другите лидери на политички партии имаат разлики по однос на прашањата поврзани со извршната власт. И сметаме дека покажува страв да се соочи на брзи и скорешни локални избори каде што граѓаните ќе можат да одлучуваат за своите локални потреби. Парламентарното мнозинство ги има сите механизми во своите раце, да распише локални избори во најскоро можно време. И ние тоа ќе го поддржиме“, изјави Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.

И од ДУИ порачаа дека мора да се постигне консензус околу датумот на локалните избори. 

Градоначалниците бараат датум за избори

Актуелните градоначалници повикаа на на итни измени на Законот за локална самоуправа и на Изборниот законик, со цел да не се блокира работата на општините. Градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС Коце Трајановски, изјави дека неколкупати предупредиле дека доколку до денеска не се реши проблемот со мандатите, граѓаните ќе имаат проблем со услугите во општините, и затоа до Парламентот испратиле барање да се реши ова прашање.Тој изјави дека очекува денеска да биде продолжен мандатот на градоначалниците. 

„Се надеваме дека ќе се реши, во интерес на граѓаните на Република Македонија, и кога велам Република Македонија мислам и на политичките партии и на сите субјекти, не смееме да дозволиме да им се ускратат услугите кои граѓаните ги имаат од општините во земјава“, изјави Трајановски. 

Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Ствечо Јакимовски, за дел од медиумите изјави дека од денеска училиштата и градинките ќе останат без плати. 

„За училиштата и градинките добиваме блок дотации и ги трансферираме до нив, тоа значи ќе нема пари за плата, за тековно инвестиционо одржување, електрична енергија, вода, комуналии итн, тој дел се блокира“, изјави Јакимовски.

Вработените во основните училишта земаа плата минатиот петок, и според информациите, директорите им соопштиле дека е неизвесно дали ќе ја земат следната плата.  

Што доколку не се продолжи мандатот?

Деновиве Трајановски предупреди дека доколку не се продолжи мандатот на градоначаниците, по денешниот ден, граѓаните нема да можат да склучуваат бракови, нема да работи уличното осветлување, во случај на пожар, противпожарните служби нема да можат соодветно да одговорат, нема да сообраќаат автобусите на јавниот превоз, децата ќе треба да останат дома бидејќи нема да можат да функционираат градинките и учиштата.

Поранешниот претседател на ЗЕЛС Андреј Петров вели дека не смее граѓаните да ја платат цената на една неодговорна политика. 

„Локалната властќе биде буквално обезвластена, а потписите ќе бидат незаконски.Не смее да се случи да граѓаните ја платат цената на една неодговорна политика и да се создаде правен вакум во функционирањето на општините, со тоа граѓаните да не можат да остварат своите права. Или ако остварат некое свое право тоа да биде доведено во прашање. Да речеме земале градежна дозвола која утре некој може да им ја оспорува затоа што е издадена од некој што нема мандат тоа да го направи. Сето ова треба да се измени, и тоа треба да се стори со измена на законското решение, на Изборниот законик и на Законот за локална самоуправа“, изјави Петров за телевизија 24.

Според в.д. Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа Ванчо Шехтански, по денешнот ден нема да се блокираат активностите на општините.Тој вели дека мандатот на градоначалникот трае до предавање на функцијата на новоизбраниот, а мандатот на советите е истечен уште од 11 април. 

 „Градоначалниците продолжуваат со обавувањето на својата техничка функција и по престанокот на мандатите на советите на општините. Значи одлуките на советите на општините  не можат да произведуваат правно дејство додека градоначалниците до изборот на новиот извршуват техничка функција што значи дека не може да престане работата на општините и редовната исплата на институциите“, изјави Шехтански. 

До Уставен суд беа поднесени две иницијативи со кои се бараше продолжување на мандатот на градоначалниците, оти во сеганото решение нема одредба со која би се предвидело што да се прави во услови кога не може а се закажак избори.Двете иницијативи беа поднесени од Министерствата за локална самоуправа и за правда  и од Тодор Петров.Но Уставниот суд се прогласи за ненадлежност да носи закони и да создава правни содржини. Уставните судии посочија дека судот има надлежност  да оценува дали постоечките закони се во согласност со Уставот, и ги отфрлија иницијативите. По ваквата одлука на Уставниот суд, Министертсвото за локална самоуправа, побара од претседателот на Собранието Талат Џафери итно да свика седница. Министерот за локална самоуправа и заедницата на единиците на локалната самоуправа доставија барања до претседателот на Собранието Талат Џафери со кои се побраа Собранието да најде решение за надминување на состојбата поради неодржувањето на локалните избори и укажаа на проблемите кои ќе настанат.

Инаку законскиот рок за распишување на локалните избори истече на 6-ти март годинава. Тогаш сеуште не беше закажано продолжувањето на конститутивната седница на новиот собраниски состав што се одржа на 30 декември 2016 година, и на која само се верификуваа мандатите на пратениците. Пратениците  беа далеку и од избор на нов собраниски спикер. Според Изборниот законик „Изборите за членови на совет и за градоначалник се одржуваат секоја четврта година истовремено во сите општини, во првата половина во месец мај“, а од денот на распишувањето до денот на одржувањето на изборите не може да поминат повеќе од 90 дена, ниту помалку од 70 дена. Сега сите очи се вперени кон Собранието, дали пратениците ќе постигнат договор за да се направат неопходните измени на Изборниот законик и на Законот за локална самоуправа, или општините ќе останат блокирани. 

Т.С


Можеби ќе ве интересира

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ