18 Мај, 2024
0.0255

Библиска билка полна здравје: Направете чај од суви маслинови гранчиња и оздравете од тешка болест!

Објавено во: Стил 17 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Според најновите истражувања, чај од маслинов лист има повеќе антиоксиданси отколку зелниот чај кој е на глас како еден од најдобрите.

Иако со самата помисла на маслинки воглавно визуелизираме вкусен и здрав плод, исклучително е корисен и лековит листот на маслинката. Имено, историјата на таа билка допира далеку во минатото, станува збор за стебло кое може да живее и до 3000 години. Подготовки од маслинов лист користеле и старите Египќани, а во Библијата се споменува и повеќе од 1000 пати.

Листот на маслинка изобилува со бројни лековите својства. најактивен спој во листот на маслинките кој воглавно се поврзува и со терапевтско дејством се нарекува „олеуропеин“ (горчлив монотрпенски глукозид). Токму овој спој и продуктите на неговата хидролитичка разградба е вистинско антибактериско дејство.

Маслиновиот лист помага кај воспаление на бели дробови, гноење, туберколоза, грип, менингитис, хепатитис Б, херпеси и сл. Помага и кај воспаление на уринарниот тракт, но и кај хируршки инфекции. Докажано е дека маслиновиот лист истовремено спречува инфекции предизвикани од влијанието на габички.а и нивото на лошиот холестерол.

Спојките во маслиновиот лист го зајакнуваат имунолошкиот состав, ја подигаат енергијата на организмот, дејствуваат антивирусно, антипаразитско, антибактериско и антифунгално, ги намалуваат или сосема ги отстрануваат многу здравствени проблеми, го намалуваат крвниот притисок, концентрацијата на шеќерот во крвта.

РЕЦЕПТ ЗА ЧАЈ

За шолја чај од 2 до 3 дцл ви се потребни од 15 до 20 исушени листови на маслинки. Зовријте вода, стевете ги во неа листовите и варете уште 2 до 3 минути. Оставете ги листовите да отстојат во водата уште 10 минути па потоа извадете ги. Не е добро да стојат предолго во водата.

Чајот можете да го пиете ладен или топло со мед, лимон или без ништо. Пијте го секој ден за да почувствувате подобрување за разни заболувања.

Чајот е препорачлив да се пие и превентивно. Има благ вкус. Листовите за чај е најдобро да се берат на пролет кога се млади.

Измијте ги и исушете на сонце, а може да ги чувате во затворен сад.