17 Мај, 2024
0.0339

„Бидете сигурни дека владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт“: Бајрами за можните договори по изборите

Објавено во: Македонија 30 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Бидете сигурни дека никоја политичка гарнитура – владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт, затоа што пратениците на Европскиот фронт се вистинските претставници на албанскиот народ, на турскиот народ, на бошњачкиот народ, на ромскиот народ и на сите народности кои се претставени во оваа платформа, во оваа изборна програма Европа 2023-2030 година. Бидете сигурни дека политичките авантури неславно ќе завршат, а народот на крај ќе победи.

Ова го истакна техничкиот министер за информатичко општество и администрација Наим Бајрами, при неговото обраќање, во кое што укажа дека изборите пред нас се референдум за европската иднина на земјата. Според него, поддршката што ја имале од европските партнери е поголема од кога било и ова е момент и можност што мора да го искористиме.

- Не се осмелуваме да застанеме, а уште помалку да се вратиме назад. Знаеме како да ја подготвиме нашата земја за ЕУ велејќи „не“ на Русија и „не“ на политичките сили кои го претставуваат менталитетот на регресија и изолација на нашата земја - рече на денешната прес-конференција техничкиот министер за информатичко општество и администрација Наим Бајрами. 

На новинарско прашање во однос на легитимноста и легитимитетот на коалициите по изборите и најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека за нив посакуван коалициски партнер е коалицијата на албанската опозиција „Вреди“, Бајрами изјави дека не може некој да го оспори легитимитетот на одредена политичка структура како што е Европскиот фронт.

- Значи, не може некој да го одбие легитимитетот на другата страна, а притоа да бара легитимитет од нивниот народ кој тие го претставуваат, затоа што ние сме консоцијална  демократија која се појавува како консензус демократија и ние ќе продолжиме така да функционираме. Друго никако поинаку. Секоја таква политичка авантура ќе биде ризична за европската иднина на оваа држава и за сите политички околности што ќе се случуваат после 8 мај. 

Бидете сигурни дека никоја политичка гарнитура – владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт, затоа што пратениците на Европскиот фронт се вистинските претставници на албанскиот народ, на турскиот народ, на бошњачкиот народ, на ромскиот народ и на сите народности кои се претставени во оваа платформа, во оваа изборна програма Европа 2023-2030 година. Бидете сигурни дека политичките авантури неславно ќе завршат, а народот на крај ќе победи, вели Бајрами.

Според него, никој не може да го негира целиот политички капитал создаден со години.

- Не може тоа ни Христијан Мицкоски ни кој било друг. Од друга страна, не сакаме ни ние тоа да го направиме на другата страна реално. Тоа е консоцијалната демократија, претставени сите сегменти на општеството во политичката власт, во системот. Значи, нешто е сигурно – фактичката состојба секогаш ја детерминирала правната состојба. Никогаш не било поинаку. Во одредени моменти било, меѓутоа завршило неславно и завршило многу лошо, вели Бајрами.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат