Билд ја обвини партијата на Меркел за „цензура“
Објавено во: Свет 13 Јули, 2019
Германскиот весник Билд, вчера ја обвини владејачката Христијанско-демократска Унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел, за „цензура“, поради тоа што таа веќе три пати е забележана како се тресе на јавни настани.
Билд на својот сајт пишува дека се чувствува навредено затоа што ЦДУ се однесува „како Меркел никогаш да немала три напади на тресење во јавноста“.
Според Билд, мистериозните напади на тресење кои ги добива Меркел се топ тема во германските медиуми.
Канцеларката после последниот случај со тресење, изјави дека „се чувствува многу добро“.