05 Мај, 2024
0.1727

БИЗНИС ФАЦИ, Битиќи: Стоп за дискриминаторскиот однос кон бизнисот!

Објавено во: Економија 02 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Развојни, а не популистички политики. Загрижувачки тренд на задолжувањата, лошо структуиран Буџет. Во изминатата 2016 година, кога дел од стопанствениците јавно се воздржуваа од коментирање на економските состојби и трендови, Фатмир Битиќи, бизнисмен од Комората на северозападна Македонија , беше еден од најекспонираните бизнис-фаци, кој не се воздржуваше од оценување на состојбата и соопштување на својот став.

“Секоја економска програма на политичките партии задолжително треба да биде врз основните принципи на демократското функционирање на Владите т.е транспарентност и отчетност пред се. Овие основни постулати се столбови за фунцкионирање на модерниот свет, и секако веќе е крајно време да се промовираат економски платформи кои ќе бидат во суштина развојни, а не популистички, во спротивно ние секојденвно ќе се оддалечуваме од големата фамилија во која сме насочени. Деловната заедница не сака многу од политиката, туку само да се овозможи функционирањето на слободниот пазар во поширока смисла на зборот, фер конкуренција и насочување на државата кон домашните инвеститори“ – вели Битиќи.

Поборник е за промена на сегашниот модел на привлекување на странски инвестиции, оценувајќи дека концептот има дискриминирачки пристап кон домашниот бизнис.

“Ваквиот концепт на привлекување на странски инвестиции ние мислиме дека е погрешен, во исто време тој  пред се е нетраспарентен и не знаеме колку наши буџетски пари одат во џебовите на странците. Најголемото зло што е направено со овој концепт е нашата атрактивност со евтина работна сила, поради која имаме бројни вработувања. Ние треба да се стремиме кон инвестиции кои имаат поголема додадена вредност и кои секако ќе бараат квалитетни кадри и кои секако ќе бидат платени барем според просечната плата во Македонија. Процесот на доаѓање и заминување на странските инвеститори и непознат за јавноста и се додека не е транспарентен ние не можеме да кажеме точно зошто и како“, вели за “Фактор“ стопанственикот Битиќи.  

Во период на изборната кампања, стопанствениците од Комората на севрозападна Македонија беа домаќини речиси на сите поважни политички партии, ги сослушаа понудените програми но и го соопштија ставот дека досегашните економски политики се неодржливи. 

Д.А.


Во знак на политичка криза, која донесе и длабока неизвесност, економијата успеа да испорача позитивни стапки на економски раст, но според дел од аналитичарите, недоволни за да се промени на подобро животниот стандард. Во годината што измина, Јавниот долг достигна рекорно највиско ниво а продолжија пролитиките на фаворизирање на странските, наспроти домашните компании, вели за Portalb.mk економистот Слободан Најдовски.

„Нивото на јавниот долг конечно ја заинтригира македонската јавност. Затоа преминувањето на психолошката граница на јавниот долг од 50 отсто од БДП е настан кој ја одбележа во негативна смисла 2016 година. Во тесна врска со првиот настан е и новата Еврообврзница од 450 милиони евра чија намена е искористена исклучиво за буџетски потреби кои ќе немаат ефект врз растот на македонската економија. Би ја издвоил и политизацијата на шокот на девизниот пазар во април и интервенцијата на Народна банка. Запоставување на домашната економија за сметка на форсирање и финансикси стимулирње од државниот буџет на странските компании“, оценува Најдовски,

Според официјалните податоци на Министерството за финансии, заклучно со третиот економски квартал, Јавниот долг во апсолутен износ изнесува 4,75 милијарди евра или 50,6% од БДП, што претставува највисоко ниво што е измерено досега. Во 2016 година, овој долг се зголеми како резултат пред се на задолжувањето со Еврообврзницата во вредност до 450 милиони евра. Внатрешниот долг во однос на 2015 година бележи зголемување на 1,40 милијарди евра. Владата се задолжуваше, растеа буџетските трошоци за пензии и плати. Така, во 2016 година, повторно се зголемија пензиите.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години