04 Мај, 2024
0.0240

Бизнис-заедницата среќна што ќе се гради Чебрен и Галиште со државни пари

Објавено во: Финансии 28 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Бизнис заедницата ја поздравува иницијативата на Владата на Република Македонија да ја финансира изградбата на мега проект како Чебрен и Галиште од буџетски средства. 

По неуспешните тендери да се најде инвеститор и концесионер кој ќе ги гради и стопанисува хидроелектраните Чебрен и Галиште, Владата одлучи државата, преку ЕЛЕМ, сама да влезе во оваа инвестиција. Според првичниот план, до крајот на годината ќе се распише тендер за изградба на електраните Чебрен и Галиште, а од следната 2019 година да почнат и оперативните активности околу изградбата на проектот

“Досегашните примери во нашата земја доведоа до тоа да се фаворизираат странски компании, додека нашите компании работеа како подизведувачи и се користеа како евтина работна сила со која се надградуваа портфолијата на странските компании. Неспорен е и податокот дека цените по кои работеа овие компании беа драстично повисоки од она што го нудат на пазарот нашите градежни фирми. Сепак радува фактот што е избран правилен концепт на давање на предност на домашната оператива имајќи ги во предвид информациите дека последните брани кои се пуштени во енергетскиот систем во нашата држава, Св. Петка и Козјак, ги изградија домашни компании, иако не секогаш се појавуваа како главни изведувачи, но успеаја да го потврдат постоењето на квалитет и подготвеност на македонската градежна оператива да одговори на вака големи предизвици”, велат од Здружението на градежништвото и индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија

Со ваквиот концепт и пристап, градежниот сектор очекува големи придобивки како за градежништвото како стопанска гранка, така и за целокупната економија во државата.
Нивните проценки се дека драстично ќе се подобри техничко-технолошкиот капацитет на компаниите, што ќе допринесе до еден повисок степен на стручност, ќе се усоврши и надгради кадарот кој ќе биде ангажиран при изведба и директно ќе влијае на подобрубање на економијата, имајќи во предвид дека ваков проект согласно обемот на најаванета инвестиција би чинел повеќе од 200 милиони евра.

Генерално гледано од енергетски аспект, но земајќи ја во предвид и вкупната економска состојба во државата, изградбата на ХЕ Чебрен и ХЕ Галиште би била корисна и за подобрување на состојбите во енергетиката и зголемување на домашното производство на електрична енергија.


Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата