20 Декември, 2025
0.1563

Бизнисменските лидери немаат доверба во Германија

Објавено во: Свет 25 Април, 2013 09:52

Добивај вести на Viber

Германскиот институт ИФО објави дека деловната доверба во Германија во април е влошена, чија студија покажа далеку повнимателен пристап на лидерите за бизнис. ИФО индексот за деловната клима прилагоден за сезонските фактори во април е намален на 104,4 поени, од претходните 106,7 поени кои беа забележани во март, објави денес германскиот институт за економија. Шефот на одделот за анализа на деловниот циклус и истражување на ИФО, Каи Карстенсен, изјави дека основниот индекс е задржан на високото ниво, но дека се рефлектира зголемена неизвесност во врска со иднината. „ИФО индексот на деловната клима во германската индустрија и трговија во април е намален. Иако голем дел на испитаници тековната деловна ситуација ја оценија како добра, тие искажаа и многу поголема претпазливост отколку во претходниот месец. Нивните очекувања за во иднина се пригушени. Германската економија е на пауза“, изјави Карстенсен. Слабиот индекс на деловна доверба во најголемата европска економија би можел да се приклучи на серијата слаби економски показатели во еврозоната, кои неодамна го зајакнаа притисокот кон Европската централна банка (ЕЦБ) да ја намали веќе рекордно ниската основна каматна стапка од 0,75 проценти.

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот