20 Декември, 2025
0.1153

Благ пораст на Волстрит

Објавено во: Свет 23 Април, 2013 11:41

Добивај вести на Viber

Цените на акциите на Волстрит во понеделникот благо пораснаа, благодарение на солидните квартални резултати на американските компании, но инвеститорите се внимателни по остриот пад на берзанските индекси минатата недела. Индексот Dow Jones зајакна за 0,14 отсто, на 14.567 поени, индексот S&P 500 порасна за 0,47 отсто, на 1.562 поени, додека индексот Nasdaq беше во плус за 0,86 проценти, на 3.233 индексни поени. Откако минатата недела цените на акциите забележаа најголем пад од ноември минатата година, вчера се тргуваше многу внимателно, па индексите балансираа на раб на позитивно и негативно подрачје. Поради остриот пад на цените на суровините, минатата недела под најголем притисок беа акциите во рударскиот сектор. Вчера, пак, закрепнаа и индексите на овие сектори беа за еден отсто во плус. Меѓу најголемите добитници, со раст на цената од 3,6 отсто, беше акцијата на Microsoft, по веста дека фондот ValuAct Capital купил две милијарди долари вреден удел во најголемиот светски произведувач на софтвери. Иако повеќето макроекономски податоци укажуваат на забавување на растот на американската економија, берзите ги поддржува солидна сезона на квартални деловни извештаи на компаниите. Повеќето од нив објавуваат подобри резултати од очекуваното, но очекувањата се многу ниски. Аналитичарите проценуваат дека заработувачките на компаниите во првиот квартал во просек пораснале за 2,2 отсто во однос а истиот период лани, а приходите за само 0,7 отсто

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот