Блиндиран воз ита кон Владивосток: Путин и Ким на значајна средба
Објавено во: Свет 24 Април, 2019
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун синоќа тргна од Пјонгјанг кон Владивосток на средба со рускиот претседател Владимир Путин.
Ким тргна од железничката станица во Пјонгјанг со своето блиндирано возило, а со Путин ќе се сретне утре, бидејќи со воз ќе патува 20 часа за да помине 1.200 километри.
Државната новинска агенција на Северна Кореја, КЦНА потврди дека Ким со воз отпатува во официјална посета на Руската Федерација.