Близу милијарда лева е прометот во објектите на Црно Море
Објавено во: Балкан 08 Јули, 2016
Речиси една милијарда лева достигна прометот во трговските објекти на Црно Море.
Тоа е со над 200 милиони лева повеќе во однос на истиот период минатата година.
Над 500 даночни инспектори го контролираат издавањето на фискални сметки, како и движењето на ризични стоки, вклучувајќи алкохол и тутун. Првите резултати од кампањата се значително зголемување на издавањето на фискални сметки.
МВР и царинските службеници почнаа контролна кампања во населените места долж крајбрежјето, која ќе трае без прекин до крајот на туристичката сезона.