Блокадата кај „Мавровка” прекината - во земјава ќе допатува германски функционер
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2022
Блокадата кај „Мавровка” е времено отстранета.
Директорот на „Слобода превоз”, Ленин Јовановски, во изјава за МИА, кажа дека поради известување од Министерството за внатрешни работи дека висок функционер од Германија ќе биде во посета на земјава, одлучено е блокадата времено да прекин. Јовановски изјави дека до четврток нема да има повторна блокада на приватните автобуски превозници.
На 29 и 30 ноември (вторник и среда) во официјална посета на Македонија ќе пристигне делегација предводена од Претседателот на Сојузна Република Германија Франк – Валтер Штајнмајер.