26 Април, 2024
0.0272

Блумберг: Вакцините против Ковид-19 досега пристигнати во 56 земји, меѓу нив Гвинеја, Панама и Коста Рика

Објавено во: Свет 25 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Досега, повеќе од 65 милиони луѓе во 56 земји се вакцинирани во светот, според податоците собрани од американскиот Блумберг во најновата листа која е апдејтувана денеска.

Најновата стапка на вакцинација во светот е 3,38 милиони дози на ден, што значи дека процесот се забрзува, бидејќи вчера стапката беше 3,21 милиони дози. Македонија, БИХ и Косово не се на листата.

Од друга страна, Србија е лидер во нашиот регион и се повеќе се искачува на европската и светската ранг-листа. Според податоците на Блумберг утрово, Србија е десетта во светот и петта во Европа според бројот на вакцинирани, пропорционално на вкупното население.

Најмалку пристигнати дози, односно вакцинирани граѓани има Гвинеја (55 до 30 декември), а претпоследна е Албанија со 572 дози до 23 јануари. Од регионот ги има уште Бугарија со 26.119 дози, односно со 0,38 вакцинирани на 100 граѓани, Словенија со 48.717 (2,36 вакцинирани на 100), Хрватска со 64.951 (1,60), Грција 157.388 (1.47)

Србија има убедливо најдобар индекс. Таму до 24 јануари се пристигнати 217.848 дози и е на 21 место во светот. По број на вакцинирани граѓани на 100 жители е на 10 место со импресивен коефициент од 3,13. Од регионот најголем број на дози имаат Турција на 10 позиција со 1.244.668 дози и Романија на 17.место со 446.285 дози.

Прв е САД со 22.396.673 дози, а најголема стапка има Израел со вакцина за 39,94 на 100 граѓани.

Последните 15 земји од листата на Блумберг со пристигнати вакцини:


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек