Богдановиќ: Kафе барот Интермецо самостојно ја отстрани диво поставената урбана опрема
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2019
Постапувајќи по решение од Општина Центар, кафе барот Интермецо во населбата Капиштец денес самостојно ја отстрани диво поставената урбана опрема, информираше на Фејсбук градоначалникот Саша Бодановиќ.
„Апелирам до угостителите и сопствениците на локалите да се придржуваат до законските прописи и правилниците за поставување на урбана опрема“, наведува Богдановиќ.