„Боинг е во голема неволја“ - Зошто авиогигантот не ја спушти флотата?
Објавено во: Свет 14 Март, 2019
Боинг е во голема неволја, бидејќи веднаш не ги приземји авионите, рекол експерт за воздухопловство за РТ.
Земјите ширум светот, а сега и САД итно наложија сите авиони на Боинг 737 Мах 8 и Мах 9 да бидат приземјени. Одлуката е донесена по несреќата на етиопскиот авион Боинг 737 Мах 8 во која загинаа 157 луѓе.
Американската Федерална администрација за авијација меѓутоа, соопштила дека не располага со било какви податоци дека сите тие авиони се небезбедни.
„Боинг е во голема неволја“, рекол Др. Елмар Џимул, почесен професор за право во авиосообраќајот на Берлинскиот институт за технологија. Тој објаснил дека „обично авионска несреќа е единствена појава и не вллијае на комплетната серија модели“.
„Иако Боинг одбива да признае дека тие наговестувања предизвикале ваков впечаток, би било добро да се нареди приземнјување на целата флота“ , додал тој.
Тоа што нема реакција на произведувачот на авион на очигледни ризици „покажуваат непријатен поглед на неговата одговорност кон јавноста“, вели професорот.
-Довербата ќе биде уништена на овој начин. А враќање на довербата ќе биде тешко и ќе потрае со години. Ова е историско прашање и ќе потрае со години. Ова е историско прашање-рекол тој.