29 Април, 2024
0.0301

Боки 13 одби да даде исказ кај Рускоска, Дукоски вели дека се уште повраќа

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Бојан Јовановски, првоосомничениот во случајот „Рекет“, денеска беше одведен во Јавното обвинителство за организиран криминал, но одби да даде исказ пред обвинителката Вилма Рускоска. Неговиот адвокат Сашо Дукоски за медиумите рече дека Боки 13 одбил да зборува затоа што претходно не ги видел доказите против него,а истрагата била завршена.

„Во истиот ден кога истрагата е завршена, од него се бара изјава како осомничен.  Осомничениот прво бара да биде запознаен за доказите против него. Човекпт не видел со какви докази располага Јавното обвинителство, а се бара од него да даде исказ. Нашата позиција е дека се работи за повреда на правото на одбрана. Официјално осомничениот Бојан Јовановски е повикан да даде исказ,. но подметнато му е известување за завршена истрага“, рече Дукоски.

Тој додаде дека од среда Јовановски ќе може да ги разгледа доказите кои ги има обвинителството против него.

„Истрагата е завршена. Ние треба да ги гледаме доказите па Јовановски да даде исказ. Не гледаме на кристална кугла па да знаеме кои се доказите. Од среда ќе вршиме увид на предметот и потоа ќе дадеме исказ. Ние ќе доставиме свои докази. Осомничениот како таков сака да изврши увид во сите списи и докази. Тоа е опасно по одредбите од Законот за кривична постапка.“, додаде Дукоски.

За здравствената состојба на шоуменот и неформален соптвеник на поранешната 1ТВ вели дека и натаму не е подобрена.

„За неговата здравствена состојба никој не го интересира.Подлежи на вештачко дохранување со инфузија поради операцијата на желудникот и постојано повраќа“, истакна правниот застапник на Јовановски.



Можеби ќе ве интересира

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски