Бомба повреди полицаец во Фиренца
Објавено во: Свет 01 Јануари, 2017
Во италијанскиот град Фиренца, утрово експлодира бомба при што е повреден полицаец.
Според првичните информации, бомбата имала жици и механизам за одбројување, па полицаецот е повреден откако се обидел да ја деактивира.
Полицијата го забележала пакетот околу 5 часот утрово, пред затворена книжарница која се поврзува со неонацистичката група „КасаПоунд“.