Бомба во училиште во Русија усмрти тинејџер
Објавено во: Свет 24 Април, 2017
Еден ученик загина, а најмалку 11 се повредени во експлозија во една училница во основното училиште во руската република Дагестан. Тројца од повредените ученици се во критична состојба, соопшти локалната болница за РИА Новости.
- Бомбата експлодираше во компјутерската сала, изјави директорот на училиштето Шамил Aбакаров.
Станува збор за рачна граната која ја внел еден од учениците без засега разјаснети мотиви, но поради лошо ракување истата се активирала.
АП објави дека полицијата го уапсила тинејџерот кој ја донел бомбата, и дека најмалку тројца тинејџери се на интензивна нега. Полицијата во Дагестан настанот го окарактеризира како несреќа.