БОМБАШКИ НАПАД ВО ТУРЦИЈА: Колку лица се повредени?
Објавено во: Балкан 17 Октомври, 2017
При бомбашки напад врз возило на турската полиција во градот Мерсин попладнево се повредени најмалку 18 лица.
Турскиот вицепремиер Бекир Боздаг, соопшти дека од 18 повредени при експлозијата, дури 17 се полициски службеници.
Според Боздаг, досегашните резултати од истрагата укажуваат дека станува збор за терористички напад.
Градоначалникот на Мерсин, Бурханетин Коџамаз изјави дека нападот се случил врз автобус на полицијата на една од главните улици во градот, во близина на седиштето на гувернерот на округот.
Додава дека ранетите лица при нападот се надвор од животна опасност.
Весникот „Милиет“ објави дека бомбата била поставена на мотоцикл и била активирана со далечински управувач во момент кога крај неа минувал полицискиот автобус. Некои турски медиуми преходно јавија дека бомбата се наоѓала во контејнер за смет.
Досега никој не презеде одговорност за нападот.