БОРИСОВ „РАСПАЛИ“ ПО ЕУ: Бара исти производи а не двојни стандарди
Објавено во: Балкан 01 Мај, 2018
Бугарските власти апелираа до Европската унија да ги „елиминира“ двојните стандарди кои прехрамбените компании ги применуваат.
Ваквите стандарди се применуваат при продажбата на производи со различен квалитет под ист бренд на истокот и западот на ЕУ.
„Двојните стандарди кај прехрамбените производи во ЕУ допринесоа до тоа 100 милиони луѓе (на истокот на ЕУ) да се чувствуваат како Абориџини“, изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов на конференцијата за заштита на правата на потрошувачи во Софија, пренесува Ројтерс.
ПретстАвници во Полска, Чешка, Словачка, Унгарија и Бугарија, меѓутоа , тврдат дека не е етички прехрамбените производи продавани под ист бренд да бидат со понизок квалитет во „Новите“ членки на ЕУ на истокот, во однос на нивниот квалитет во „странските“ членки на западот.
„Јас би бил посрамотен да сум на местото на овие ланци и произведувачи. Зарем тоа не е срамота? Кој е тој паметен човек во ЕУ кој одлучил дека бебињата во Бугарија преферираат палмино масло во млекото?“, запршал Борисов, алудирајќи на неодамнешната истрага на бугарските власти и откритијата дека млекото за бебиња во Бугарија содржи поголеми количини палмино масло отколку идентичен производ на западната Унија.
Борисов чија држава моментално претседава со ЕУ, вели дека ќе осигура храната од бугарските супермаркети да биде послужена на лидерите на ЕУ на претстојниот самит на ЕУ-ЗАПАДЕН БАЛКАН во Софија на 17 мај.
„Единството на ЕУ значи еден стандард“, порачал тој.
ЕК за заштита на правата на потрошувачи Вера Јурова изјавила дека ЕК дала правно мислење дека разликите во квалитет се неоправдани и дека проблемот би можел да се реши многу брзо.