БОСАНЕЦ ЈА ШОКИРАШЕ ЦЕЛА ГЕРМАНИЈА: Оваа порака за бегалците удри таму каде што треба
Објавено во: Балкан 29 Април, 2018
Германската академија за филм во петокот доделуваше признанија, а едно од нив зема Един Хасановиќ од БиХ.
Тој е германски актер, но е роден во Зворник, ја водеше церемонијата и привлече внимание со својот настап.
„Се прашувам какво е тоа чувство кога цел живот се бориш против бегалци, тврдејќи дека тие ќе ја прегазат твојата земја, ќе ти ја разводнат културата и ќе предизвикаат проблеми. А потоа седиш дома, гледаш телевизија и бегалец ја води Германската филмска награда. Тоа мора да е гадно“- вели Хасановиќ.
Ова се однесуваше на политичар од Алтернатива за Германија.