18 Јуни, 2024
0.0502

Бошковски, Стојменовски и Ѓорѓовски осудени на три години затвор во „Тарифа“

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Пресудата на кривичниот суд за случајот „Тарифа“ на СЈО за екс-генералниот директор на ЕЛЕМ Дејан Бошковски и уште двајца ресорни директори Методиј Стојменовски и Ненад Ѓорѓовски за злоупотреба на службената положба им донесе првостепена казна затвор во траење од три години на секој од нив.

На оштетениот АД ЕСМ треба да му ја надоместат штетата.Бошковски го потпишал договорот, додека Стојменовски и Ѓорѓовски го координирале проектот. Тие се осудени затоа што со четири надоместоци на годишно ниво му се исплатени со недозволиви средства на конзорциумот за имплементирање на „ЕРП системот“. 

327 докази се изведуваа, а и одбраната имаше свои стотици докази за кои беа потребни повеќе од половина година за да се разгледаат. Пресудата ја донесе судијката Софче Гаврилова-Ефремова.

Според СЈО, тие незаконски набавиле софтвер за потребите на компанијата во вредност од четири милиони евра. Обвинетите со неизвршување службена должност овозможиле правното лице „ЕРП систем“ да се квалификува во втората фаза на јавната набавка иако немало доставено комплетна документација. Според обвинението, тројцата обвинети причиниле имотна штета на компанијата од 456.560 евра.

Сите обвинети на почетокот на судењето кое започна пред точно две години се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. 



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се навршија шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа, потписниците повикаа тој да се почитува

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се навршија шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа, потписниците повикаа тој да се почитува

ЗАЕВ ДО МИЦКОСКИ: Мислам дека нема да направи грешки, бидејќи ако направи тоа ќе биде тешко за него

ЗАЕВ ДО МИЦКОСКИ: Мислам дека нема да направи грешки, бидејќи ако направи тоа ќе биде тешко за него

ЗАГИНАА ДВЕ ЛИЦА: Автомобил излета во провалија длабока до 200 метри на Галичица

ЗАГИНАА ДВЕ ЛИЦА: Автомобил излета во провалија длабока до 200 метри на Галичица

ДИМИТРОВ: Бев нарекуван предавник, дури имав и закани, а други ми велеа дека сум херој

ДИМИТРОВ: Бев нарекуван предавник, дури имав и закани, а други ми велеа дека сум херој

КОЅИЈАС: Договорот е како бебе на кое сите му се смешкаат и радуваат, но ние не направивме доволно за да го заштитиме и растеме

КОЅИЈАС: Договорот е како бебе на кое сите му се смешкаат и радуваат, но ние не направивме доволно за да го заштитиме и растеме

„ПАДНА“ ОДЛУКА: Одборот за акредитација на високото образование го поништи Факултетот за здравствени науки на Meрко

„ПАДНА“ ОДЛУКА: Одборот за акредитација на високото образование го поништи Факултетот за здравствени науки на Meрко

НИМИЦ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Почитувајте го, немојте да живеете во илузии, живееме во опасни времиња

НИМИЦ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Почитувајте го, немојте да живеете во илузии, живееме во опасни времиња

ИМА ДОЛГОРОЧНО И КРАТКОРОЧНО РЕШЕНИЕ: Министерството за здравство ќе треба да ја санира оградата на потпорниот ѕид зад Детската клиника

ИМА ДОЛГОРОЧНО И КРАТКОРОЧНО РЕШЕНИЕ: Министерството за здравство ќе треба да ја санира оградата на потпорниот ѕид зад Детската клиника

„СИСТЕМСКИ ПАРАЗИТИ КОИ БЕСРАМНО ГИ ЦИЦААТ НАРОДНИТЕ ПАРИ ЗА ВРЕМЕ НА РЕКОРДНА СИРОМАШТИЈА“: Левица распали за апанажите

„СИСТЕМСКИ ПАРАЗИТИ КОИ БЕСРАМНО ГИ ЦИЦААТ НАРОДНИТЕ ПАРИ ЗА ВРЕМЕ НА РЕКОРДНА СИРОМАШТИЈА“: Левица распали за апанажите