26 Јуни, 2024
0.0329

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се навршија шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа, потписниците повикаа тој да се почитува

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

ШЕСТ ГОДИНИ ОД ПОТПИШУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА

Поранешниот премиер Зоран Заев вели дека новиот премиер, Христијан Мицкоски не треба да згреши со Договорот од Преспа, затоа што со тоа ќе ја уништи европската перспектива за граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ се десничарска, националистичка партија. Наредниот викенд ќе изберат влада и новиот премиер ќе има експозе. Мислам дека нема да направи грешки, бидејќи ако направи тоа ќе биде тешко за него. Ќе го предизвика целиот западен свет“, рече поранешниот премиер Зоран Заев на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина.

Со Договорот од Преспа ѝ покажавме на Европа дека можеме да решаваме проблеми, изјави поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров. 

На Северна Македонија ѝ ветивме влез во ЕУ, имаме обврска тоа да го испорачаме, порача денеска екс министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас. 

Почитувајте го договорот, немојте да живеете во илузии, живееме во опасни времиња, порача поранешниот медијатор за името, Метју Нимиц. 

БЕСМИРА ЕЈУПИ ЌЕ ДОБИЕ ДИПЛОМАТСКИ ПАСОШ

Поранешната ТВ презентерка Бесмира Ејупи, која пред две години беше предлог за конзул во Њујорк, но поради бурните реакции во јавноста, остана во Македонија, сепак ќе замине во дипломатска мисија. 

Решението го донел министерот во заминување Бујар Османи, а информацијата како што пренесуваат медиумите веќе е потврдена од МНР. Ејупи ќе биде испратена во конзулатот во Бон, Германија. 

Од МНР велат дека станува збор за конзуларни претставништва каде има зголемен обем на работа поради тоа што нашата дијаспора патува дома и е поврзано со олеснување на издавањето на документи на шалтерите на конзуларните претставништва.

МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ КОНЕЧНО НА СЛОБОДА

Денеска, по цели шест години, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, излегува на слобода.

Јанакиески издржуваше затворска казна од три години и шест месеци за случајот „Титаник“.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Зеленчукот и овошјето најчесто се продаваат на килограм, а дел од производите повремено се нудат и на парче. 

Благ пораст на бројот на државните градинки, но и на бројот на згрижени деца во нив регистирал Државниот завод за статистика за минатата година. 

ЕСМ Продажба го добила тендерот за сите основни училишта во Општина Центар затоа што дала најниска понуда за провизија.

Во просек по 59.000 денари, или 965 евра месечна нето плата добивале 58 вработени во Развојна банка на РСМ, државен кредитор кој не работи со депозити, туку посредува во финансирањето на бизнисите кое главно доаѓа од странските банки од Европа.

фото Фејсбук/Зоран Заев

Можеби ќе ве интересира

ОД СТРАНСКА АМБАСАДА ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА: Маж од Прилеп се заканувал

ОД СТРАНСКА АМБАСАДА ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА: Маж од Прилеп се заканувал

МИЦКОСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА РАДЕВ: Ваквите изјави се дел од средниот век, а не од современа Европа

МИЦКОСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА РАДЕВ: Ваквите изјави се дел од средниот век, а не од современа Европа

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“