26 Јуни, 2024
0.0274

КОЅИЈАС: Договорот е како бебе на кое сите му се смешкаат и радуваат, но ние не направивме доволно за да го заштитиме и растеме

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

На Северна Македонија ѝ ветивме влез во ЕУ, имаме обврска тоа да го испорачаме, порача денеска екс министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас. 

Коѕијас на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина по повод шестгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор зборуваше за постигнувањето на Договорот и негова идна имплементација, напоменувајќи дека тој Договорот доведе до членство во НАТО и требаше да обезбеди членство во ЕУ за земјава. 

Влезот во ЕУ за Северна Македонија беше ветен. И што направи ЕУ? Прво француското вето, за менување на методологијата, па потоа дојде ветото од Бугарија. Што треба ние сега да сториме? Дали да ѝ речеме на Бугарија ние вас нема никогаш да ве пуштиме во Шенген додека не го кренете ветото за Северна Македонија? Ова е добар предлог и треба да се размисли. Но дали е тоа начин? Да се фокусираме на кавги наместо на заеднички напредок?”, рече Коѕијас на панел дискусијата.

Коѕијас зборуваше и за начинот на имплементација на Договорот од Преспа и истиот го спореди со бебе.

„Договорот е како бебе на кое сите му се смешкаат и радуваат, но ние не направивме доволно за да го заштитиме и растеме”, рече Коѕијас. 

Тој зборуваше и за постапките на новата македонска претседателка, Гордана Сиљановска - Давкова истакнувајќи дека таа како поединец има право да ја нарекува државата Македонија, но како институција има обврска да го почитува Договорот. Сиљановска - Давкова кога даваше заклетка ја изостави придавката „Северна“. Договорот од Преспа, македонските и грчките власти го потпишаа на денешен ден во 2018 година. 

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА РАДЕВ: Ваквите изјави се дел од средниот век, а не од современа Европа

МИЦКОСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА РАДЕВ: Ваквите изјави се дел од средниот век, а не од современа Европа

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи