26 Декември, 2024
0.0386

НИМИЦ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Почитувајте го, немојте да живеете во илузии, живееме во опасни времиња

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Почитувајте го договорот, немојте да живеете во илузии, живееме во опасни времиња, порача поранешниот медијатор за името, Метју Нимиц. 

Екс премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на Нимиц.

Нимиц се заблагодари за наградата и рече дека таа треба да ја сподели со сите кои му даваа поддршка да остане посветен на процесот. 

„Посебна благодарност заслужуваат народите на двете земји кои го прифатија и ратификуваа решението од Преспа. Преспанскиот договор е сериозен договор за двете земји, за регионот и пошироко. Тој е компромис. Тешко се доаѓа и се дојде до него, но сите големи договори се компромиси. Но, замислете каков би бил животот без тие договори и компромиси. Затоа мојата порака е: Почитувајте го договорот, немојте да живеете во илузии, живееме во опасни времиња и ги повикувам сите да го следат и имплементираат целосно“, порача Нимиц.

На церемонијата на врачувањето на награда беше емитувана и видео пораката на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Тој  изјави дека „пред шест години луѓето на Грција и Северна Македонија предводени од нивните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев се собраа за да помогнат во отстранувањето на долгогодишната пречка за иднината на мир и стабилен развој“.

„Договорот од Преспа е доказ за моќта на дипломатијата, дијалогот и компромисите. Сакам да му оддадам признание на посветеноста на мојот личен пратеник во тоа време Метју Нимиц. Договорот не само што го решава спорот за името, туку отвора потенцијал за нови можности за тетреб, размена на контролори и регионални партнерства“, кажа Гутереш.

Гутереш уште додаде дека сите на кои се однесува Преспанскиот договор да треба да најдат начин да ги почитуваат начелата што доведоа до ова витално достигнување.

Договорот е Преспа е потпишан на денешен ден во 2018 година. Со него се реши спорот за името, а Македонија потоа стана членка на НАТО. По потпишување на овој договор, Грција ја тргна блокадата. Нимиц долги години се среќаваше со дегелации на двете земји со цел надминување на спорот.

фото Фејсбук/Зоран Заев

Можеби ќе ве интересира

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија

СЕКНУВАЊЕ НА ФИНАНСИИ: Како промената на материјалната состојба се одразува на психичкото здравје на луѓето?

СЕКНУВАЊЕ НА ФИНАНСИИ: Како промената на материјалната состојба се одразува на психичкото здравје на луѓето?

ВЕЌЕ СЛУШНАТИ ФРАЗИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПРЕДИЗБОРНАТА ФРАЗЕОЛОГИЈА: Ванковска за говорот на претседателката

ВЕЌЕ СЛУШНАТИ ФРАЗИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПРЕДИЗБОРНАТА ФРАЗЕОЛОГИЈА: Ванковска за говорот на претседателката

ТОА ШТО ВЕЧЕРВА НЕМА ЖРТВИ Е ЧИСТА СРЕЌА: Салиу со хаотична приказна за неговите колеги и камион на Македонија пат....

ТОА ШТО ВЕЧЕРВА НЕМА ЖРТВИ Е ЧИСТА СРЕЌА: Салиу со хаотична приказна за неговите колеги и камион на Македонија пат....

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова во првото годишно обраќање порача дека од ЕУ очекува европско однесување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова во првото годишно обраќање порача дека од ЕУ очекува европско однесување

ПАНОВСКИ ДОЖИВЕАЛ НЕСРЕЌА ВЧЕРА: Јас ќе бев смачкан, а возачот на џипот и да не беше осуден, ќе беше душевно осакатен

ПАНОВСКИ ДОЖИВЕАЛ НЕСРЕЌА ВЧЕРА: Јас ќе бев смачкан, а возачот на џипот и да не беше осуден, ќе беше душевно осакатен

ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАТУВААТ ВО ТОЈ ДЕЛ: Извлечени се седумте лица кои беа заглавени во Лазарополе

ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАТУВААТ ВО ТОЈ ДЕЛ: Извлечени се седумте лица кои беа заглавени во Лазарополе