29 Април, 2024
0.0336

Божиќ според Фенг Шуи: Елката треба да е далеку од вратата!

Објавено во: Стил 24 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Домот секогаш се менува на празниците посебно на Божиќните и новогодишните. Го местите креветот или орманот, за да ослободите простор за елка.

Ставате венци на прозорците или ги обвивате околу лустерот. Или и двете?

Но древната кинеска уметност за хармонично и урамнотежено редење, не ви се поклопува со духот на Божиќ.

Нема да е лошо сепак да ѕирнето во нејзиите совет. Може да ви текне некоја идеја за организацијата на декор дома. Сигурно нема да ви наштети, ниту пак ќе фрли сенка врз божиќната традиција и расположение.

Украсете со насмевки

Не, тоа нема никаква врска со вашата насмевка, иако таа воопшто не пречи. Фенг шуи вели да закачите венчиња или божиќните светла да изгледаат како насмевка - со краевите повисоку од средината.

На ниво на очите Проценете дали декорација може да биде позиционирана токму таму. Не ја распослувајте на подот или на низок мебел. Но и не брзајте да ја лепите за таванот. Кренете на летвата на расположението и ставете ја таму каде што ќе може да ја гледате без да ги напрегнувате вратните пршлени. Избирајте зелено Според фенг шуи зеленото смирува, ги разредува тензиите и стресот. Тоа го балансира огнот на црвеното, со што често изобилува божиќната декорација. Ако не сте обожаватели на живите елкиви гранчиња, со кои може да се полни домот позитивно, барем одвоете место за докажување на зеленото во вештачката декорација. Поедноставете За Божиќ е дозволено да се претерува со сè. Вклучувајќи и декорација. Експертите советуваат, редуцирајте ја, нема потреба да ја ставате само затоа ја имате. Украсете го вашиот дом непосредно или неколку дена пред празникот. Компензирајте ја светлината Поголемиот дел од Божиќ неизбежно поминува под рефлекторите на вештачкото осветлување. Обично тоа доаѓа од светлата на таванот во просторијата, а тоа според фенг шуи, создава тензии и нервози. За да го балансирате, вклучете странично осветлување и запалете свеќи. А ако сеуште се прашувате каде да ја ставите елката, според фенг шуи, добро е да е подалеку од вратата.