Божидар Димитров ќе го тужи Миленко, кршењето на плочата е вандализам
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2016
Божидар Димитров, бугарскиот историчар и „експерт“ за македонското прашање, најави дека ќе го тужи новинарот Миленко Неделковски кој со чекан ја искрши нелегално поставената спомен плоча на Кајмакчалан за бугарските војници кои загинале во битка во 1916-та година.
- Ова е уште еден чин на вандализам. Ќе го дадам на суд овој македонски новинар. Морам да го направи тоа. Инаку ќе бидам биде отпуштен зошто нема да си ја вршам работата, изјави за бугарската „Нова телевизија“директорот на Националниот историски музеј, Божидар Димитров.
Жестоките реакции од бугарската јавност не престануваат, особено од про-националистичките настроени политичари, новинари и историчари кои најавуваат реперкусии за Македонија и нејзините евро-интеграции доколку не следи извинување и санкција против Неделковски.