27 Април, 2024
0.0273

„Божиновски часовници и накит“ ги прогласи победниците на предизвикот „Херои 2020“.

Објавено во: Мои пари 27 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Вистинските јунаци се познаваат во мака и тие се инфлуенсерите кои треба да ги следиме и на кои треба да им го дадеме нашето внимание и во нормални времиња.

Само така ќе имаме силен механизам кој работи во интерес на сите.

Деновиве сфатив со каков предизвик се соочив јас и целиот тим на Божиновскичасовници и накит. Започнавме еден повик и предизвик за идентификување на ХЕРОИ во време на Ковид 19 и одеднаш се соочивме со една армада на СУПЕР ХЕРОИ.

Всушност сфативме дека Македонија има повеќе Супер Херои отколку целиот Холивуд и Марвел, а ние треба да одбереме само двајца.

Нашите срца се едноставно вознемирени што треба да правиме селекција од оваа огромна група во која никој не размислува за себе туку само за другиот и со тоа станува ултимативен Супер Херој, и точка!!

Бескрајно им благодариме на сите кои помогнаа да се идентификуваат овие скромни и тивки ликовиза целите на нашата иницијатива "Херои 2020". Надеж дека сепак ќе не има и дека треба да веруваме во нассе раѓа кога на едно место ќе видиш толку многу инспиративни приказни  за луѓе кои се трудат да направат промени во своето поле на делување а со тоа предизвикуваат промени на општествениот менталитет.

Затоа, она што ќе го научиме од целата оваа криза да не го заборавиме, бидејќи колку и да сме разочарани во секојдневието, сепак околу нас постојат вистински луѓе кои се подготвени да помогнат со целото свое срце и воедно да бидат примери - мустри. Токму тоа и ни беше целта, да се обидеме барем на момент на површина да испливаат вистинските инфлуенсери, да ги видиме луѓето кои се зад рефлекторите, зад сцената, и се клучниот механизам кои нештата ги движат напред - обични луѓе а професионалци, експерти во својата област, кои имаат многу поголема вредност од дневнополитичките актери кои секојдневно ни крадат значителен дел од нашето внимание и време но и емоции. Тие херои, барем во оваа криза беа медицинските лица и другите сервисни професии кои секојдневно се трудеа да функционираме оптимално. Токму од тие причини за ХЕРОИ во 2020 година ги прогласуваме:

 Д-р Ета Огњанова,

Специјализант, анестезиолог на инфективната клиника за фотографијата која ја покажа целата пожртвуваност на персоналот од оваа клиника. Наградата SWATCH часовник за Огњанова, е награда за целиот тим на оваа клиника, и сакаме со овој часовник кој ќе го носи Ета, да започнат да бројат помирни времиња во нивната клиника. 

Д-р Ненад Лазаров,

име кое го дознавме за време на пандемијата, но го задржа нашето внимание најпрвин како можеби првиот доктор што гласно предупредуваше за пандемијата, а потоа како иницијатор на 3Д принт Македонија, иницијатива со која се обезбедија визири за целиот медицински персонал во земјава. Вакви инфлуенсери се потребни на нашата земја. Се надеваме дека овој SWATCH часовник ќе го инспирира да продолжи да носи минути на надеж во моментите кога ни се најпотребни.

Во текот на предизвикот се случи и еден вонреден преседан и поради тоа како трет вонреден и можеби најзначен Херој во ова време е семејството на Емилија Динева, чие срце продолжи да бие и подари живот. ЧасовникотTISSOT, е многу симболичен и незначаен подарок за големината на гестот на нејзиното семејство, но ние го даваме со огромно внимание и посветеност бидејќи тој часовник ќе го симболизира отчукувањето на срцето на Емилија. Огромна е важноста на оваа фамилија што ни подарија надеж дека хуманоста постои во секој од нас и дека сме тука за да се грижиме едни за други и тогаш кога ни е најтешко.

Дел од номинираните во предизвикот ќе добијат брендирани подароци од Божиновски часовници и накит а  сите учесници автоматски ќе станат почесни членови на нашата програма за лојални клиенти и веднаш ќе се стекнат со сите бенефиции на нашиот клуб :https://www.bozinovski.com.mk/me&bozinovski

Сите 128 номинирани ќе добијат износ на својата картичка во вредност од 1000 ден, постојан попуст, акумулирање на вредносни бодови, специјални попусти за јубилеи,годишнини и родендени, ексклузивни понуди,персонализирани презентации, личен продажен асистент, влезници за најдобрите концерти организирани од Авалон, влезници за филмски проекции во Cineplexx.... се само дел од неброените бенефиции кои секој член на нашиот клуб на лојални клиенти ги добива.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“