Божјо чудо среде тага и катастрофа: Жена се породи во урнатините во Сирија, хероите безбедно го извлекоа бебето (ВИДЕО)
Објавено во: Свет 07 Февруари, 2023
Трогателен момент на раѓање на нов живот под урнатините ја разнежни планетата по разорниот
земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, при што загинаа најмалку 5.000 луѓе.
Сиријка, заробена во урнатините откако и се урна куќата во земјотрес, родила машко дете, а нејзината судбина се‘ уште не е позната.
И покрај најнеповолните услови, лекарите од областа Џиндирес, северно од Алепо, успеале да ја породат жената и да го доведат бебето на безбедно, но судбината на мајката засега е неизвесна.
Новородено момче за чудо преживеало откако неговите браќа и сестри загинале во земјотресот. Веста за раѓањето на бебето брзо се прошири низ светот, а на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како маж го носи новороденчето подалеку од урнатините.
Бебето кое многумина го нарекуваа „чудесно“ стана симбол на надеж среде трагедијата за Турција и Сирија, но и за целиот свет. Сирискиот град Алепо, разурнат од војна, беше меѓу областите кои го поднесоа најголемиот дел од земјотресот, кој опустоши и делови од јужна Турција.
A baby was born under the rubble in #Aleppo following the strong quake that hit #Türkiye and #Syria early Monday.
— ANews (@anews) February 7, 2023
Local sources said that the baby is alive but rescue teams are working to get the mom out as well.#quake #Malatya #şanlıurfa #deprem #Kahramanmaraş #hatay pic.twitter.com/LRQN2HSwD0
Фото и Видео: Твитер