БРАЧНИОТ ДРУГАР ДИМИТРОВ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ: Поклон до земја за сите признанија за влогот на Ратка
Објавено во: Македонија 03 Септември, 2020
Голема благодарност за убавите зборови, споделените сеќавања и признанија за Ратка Димитрова, сподели нејзиниот сопруг Димитар Димитров, а кои на својот фејсбук профил ги објави и нивниот син, вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров.
Димитар и Ратка Димитрови беа долгогодишни брачни другари, активни во политиката и дипломатијата, и препознатливи јавни личности за целиот период од осамостојувањето на земјава.
„Во име на семејството - поклон до земја и бескрајна благодарност за сите изрази на сочувство и признанија за човечкиот, уметничкиот и политичкиот влог на Ратка.
Толку топлите одгласи адресатот и адресантите ги прави Едно - единствена духовна заедница која прозрачи и се наднесе над прагматичната секидневица, давајќи ни вера и надеж за опстојувањето на човештината.
Со почит и љубов,
Димитар Димитров“, се зборовите со кои Димитров се заблагодарува на сите оние кои не штедеа на убави зборови по смртта на Ратка Димитрова.