БРАТОТ НА НАПАЃАЧОТ ОД БЕРЛИН: Ако е виновен нека скапе во затвор
Објавено во: Свет 22 Декември, 2016
Семејството на напаѓачот од Берлин, Анис Амри е шокирано од веста дека тој можеби е напаѓачот кој уби луѓе прегазувајќи ги со камион на Божиќен базар.
24 годишниот Тунижанец уби 12 и повреди десетици луѓе.
За германски Билд, брат му Валид Амри вели дека не биле често во контакт со него и дека семејството нема врска со „Исламска држава“.
Со брат му контактирал на Фејсбук пред две седмици.
„Делуваше дека е в ред, и ми кажа дека добил постојан престој во Берлин. Ако се докаже дека е виновен, тогаш заслужува најстрога казна. Нека гние во затвор“ - вели Валид Амри.
Тој рече дека не можел да верува што слушнал од медиумите за нападот во Берлин.