02 Мај, 2024
0.0267

Бразил ќе прифати помош од странство за пожарите, но под еден услов

Објавено во: Свет 28 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Бразил ќе прифати помош за гаснење на пожарите во Амазонија. 

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, е отворен за добивање странска помош поради големите пожари во Амазон. 

Тој ова го прифаќа само ако неговата земја ги контролира тие пари. 

Властите би прифатиле финансиска поддршка од организации или држави. 

„Суштинска поента е дека овие пари, по влегувањето во Бразил, се под контрола на бразилскиот народ“, изјави портпаролот Отавио Рего Барос, пренесе новинската агенција АФП.

Болсонаро вчера ја отфрли понудата на Г7 за 20 милиони американски долари за борба против пожарите во Бразил и Боливија, одговарајќи му на францускиот претседател Емануел Макрон „да се грижи за неговиот дом и за неговите колонии“.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вети целосна поддршка за бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој е во вербална војна со францускиот претседател Емануел Макрон.

Трамп рекол дека Болсонаро напорно работи за гаснењето на пожарите во Амазонија.

Болсонаро му се заблагодари на Трамп на поддршката.

Групата 7 вети 22 милиона долари помош во борбата против пожарите во Амазонија и за заштита на прашумите, со дополнителни 12 милиони долари од Велика Британија и 11 милиони долари од Канада.

Но, Болсонаро рече дека ќе ја прифати помошта само ако Макрон ги повлече навредливите кометари, кои овие денови ги изнесе на сметка на бразилскиот претседател. Макрон претходно упати остра порака до Болсонаро по повод пожарите што пустошат низ Амазонија.

Прашумите во Амазонија се прашање што се однесува на целата планета, рече Макрон.

фото ЕПА

Можеби ќе ве интересира

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат