БРАЗИЛ ПРЕД ПУКАЊЕ: Рекорден број на жртви во еден ден
Објавено во: Свет 03 Март, 2021
Бразил пријавил 1.641 смртни случаи од коронавирус за еден ден, соборувајќи го негативниот рекорд во време кога епидемијата е во нова фаза на избувнување во таа земја.
Во Бразил, кој има 212 милиони жители, починале 257.361 лице од вирусот корона.
Според Министерството за здравство на таа земја, регистрирани се вкупно 10,6 милиони заразени лица.
После САД, Бразил е земја која е најпогодена од вирусот корона.
Foto: EPA-EFE/ MARKO ĐOKOVIĆ