Бразилец за да се освети уби 11 лица на новогодишна забава па се самоуби
Објавено во: Свет 01 Јануари, 2017
Вооружен маж со цел да и се одмазди на својата поранешна жена влетал на домашна прослава на Нова година во бразилскиот град Кампинас при што убил 11 луѓе, а потоа и самиот си го одзел животот.
Полицијата од Сао Паоло информира дека меѓу убиените е и неговата поранешна жена. Еден од ранетите гости успеал да побегне до куќата и во полиција да го пријави случајот, но било предоцна за да се интервенира.