02 Мај, 2024
0.0254

Брегзит чека амин од Кралицата

Објавено во: Свет 16 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Кралицата Елизабета II се очекува да го потпише денес законот за Брегзит, пишува весникот London Evening Stabdart. Потоа премиерката Тереза ​​Меј може да ја започне постапката за напуштање на Европската унија од страна на Велика Британија.

Во вторникот Меј објасни пред членовите на парламентот дека во следните неколку дена се очекува кралската согласност, а потоа ќе се врати во Долниот дом, за да го објави активирањето на постапката наведена во член 50 од Лисабонскиот договор.

Се очекува кралската согласност да биде примена во 11:00 часот по локално време денес, а потоа премиерот може да го извести официјално Брисел дека ја напушта Европската унија. Тоа ќе значи отпочнување на постапката, која ќе трае две години.

Потсетуваме дека во почетокот на оваа недела законот за Брегзит беше одобрен и од двата дома на британскиот парламент, а согласноста на кралицата ќе го финализира усвојувањето. Потегот уследи откако министрите беа обвинети дека „одат по работ на амбисот со завој на очите“", по изјавата на министерот за Брегзит Дејвид Дејвис, дека не се направени проценки за евентуалните економски последици, во случај дека Велика Британија не успее да дојде до договор со останатите земји во ЕУ.

Тереза ​​Меј од своја страна коментираше дека има подготвеност да излезе од преговорите за заминувањето на ЕУ без таков договор. Според неа „недостиг на договор е подобро од лош договор“.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа