04 Мај, 2024
0.0382

Брегзит може да се oдложи уште повеќе-Што е причината?

Објавено во: Свет 15 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Излегувањето на Велика Британија од Европската унија (ЕУ) може да се одложи и за крајот на 2019 година поради хаотичниот процес при покренувањето на преговорите, пишува британскиот весник Sunday Times.

Според изданието, кое се повикува на анонимни извори, процесот на напуштање на ЕУ нема да се случи во почетокот на 2017 година, како што се очекува.

Вкупно 52% од Британците гласаа нивната земја да ја напушти ЕУ на 23 јуни. Ставовите на политичарите кога да биде активиран чл. 50 од Договорот за ЕУ, кој го регулира заминувањето на земја членка, сепак се разминуваат.

Во принцип Договорот за ЕУ ​​определува рок од две години за излез од Унијата. Некои високи политичари на Островот повикуваат на забрзување на процесот.

Премиерот Тереза ​​Меј, која во принцип го поддржуваше останувањето на земјата во ЕУ, рече дека нема да го активира чл. 50 оваа година, бидејќи Велика Британија има потреба од време за да се подготви.

Според владини министри и експерти сепак е малку веројатно да се случи и во почетокот на 2017 година поради хаотичната ситуација во владата, пишува весникот.

„Тие ја немаат потребната инфраструктура за вработување на луѓето, од кои имаат потреба. Тие дури велат дека не знаат кои се вистинските прашања кои ќе ги постават кога ќе почнат преговорите“, вели извор на весникот, запознаен со подготовката на Брезит.

Европските лидери зазедоа цврст став по прашањето за брзината на излегување на Британија од ЕУ. Канцеларот на Германија Ангела Меркел нагласува дека е разбирливо оти Велика Британија ќе има потреба од неколку месеци за подготовка на стратегијата, но додаде дека „никој не сака долг период на неизвесност“.

Зад кулисите на европските престолнини сепак дојде до стравувања дека двегодишниот период за Брегзит е премногу краток.

Британија постави два нови владини одделенија кои ќе се справат со заминувањето на ЕУ и меѓународната трговија поради заминувањето на Унијата. Министерствата се предводени од Дејвид Дејвис и Лиам Фокс - истакнати активисти во поддршка на напуштање на ЕУ.

Дејвис засега назначил помалку од половина од потребните негови слуги, за да го организират Брегзит. Фокс пак располага со околу една десетина од потребните преговарачи за договорени трговски договори.

Изборите во Франција во мај и Германија во септември, исто така би можеле да го одложат Брегзит, посочува весникот. Секое забавување на процесот сепак е веројатно да доведе до зајакнување на критиките на членовите на Конзервативната партија, кои повикуваат на брзо излегување од блокот.

Веќе имаше и рани знаци за тензии меѓу членовите на кабинетот, кои го поддржуваат заминувањето на ЕУ. Лиам Фокс пример се соочи со министерот за надворешни работи, Борис Џонсон поради сомневањата во надлежност на Џонсон да ги преземе преговорите со Брисел.

Фокс смета дека се што е поврзано со економската дипломатија, треба да биде пренесено на неговото министерство, покажуваат документи „протечени“ до медиумите. Владата засега одбива да коментира евентуален конфликт.

Можеби ќе ве интересира

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“