26 Април, 2024
0.0299

БРИСЕЛ БАРА ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ ДА БИДАТ ЕДИНСТВЕНИ ЗА АСТРАЗЕНЕКА - само така ќе се зголеми довербата во вакцината

Објавено во: Свет 08 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Брисел ги повика 27-те земји-членки на ЕУ да ја зајакнат довербата на јавноста со тоа што би излегле со унифициран одговор на откритието на регулаторите дека згрутчувањето на крвта е редок несакан ефект на вакцината на Оксфорд / АстраЗенека, пренесува Гардијан.

На состанокот на министрите за здравство и официјални лица од Европската агенција за лекови (ЕМА), кој го објави откритието за вакцината против ковид, истовремено инсистирајќи на тоа дека вакцината сепак треба да биде широко користена, владите на ЕУ беа поделени околу тоа какви ограничувања треба да се воведат во нејзината употреба.

Комесарот за здравство на ЕУ, Стела Киријакидес, во изјавата по состанокот рече дека е од витално значење да се формира заедничка политика, со оглед на несигурната доверба кај јавноста во вакцината.

Таа рече: „Безбедноста на нашите вакцини отсекогаш била најважна според нашата стратегија за вакцини во ЕУ. Денешната проценка покажува дека нашиот систем работи: сомнителните несакани ефекти се пријавуваат брзо, се споделуваат информации и нашите експерти се собираат брзо за да ги проценат сите достапни докази. Нашите одлуки сега треба да се засноваат на научната работа на ЕМА и ригорозна, континуирана проценка на ризиците и придобивките. Денес ги повикав министрите за здравство да следат координиран пристап низ цела Европа за да ја подобрат довербата на јавноста“, рече Киријакидес.

ЕМА во наодите вчера нагласи дека придобивките од вакцината Оксфорд / АстраЗенека и понатаму го надминуваат ризикот и дека нема докази со кои се оправдува ограничувањето на администрацијата на вакцината на одредени возрасни групи.

И покрај заклучокот, околу 17 земји-членки воведоа ограничувања за нејзината употреба, со тоа што Белгија е последната што изјави дека ќе ја аплициа вакцината само на граѓани над 55 години во следниот месец.

Регулаторот на Велика Британија, МХРА, исто така препорача на здрави луѓе под 30 години да им се обезбеди различна вакцина каде што е можно.

Марта Темидо, министерка за здравство во португалската влада, која моментално е претседател на ЕУ, рече дека земјите-членки треба да го следат научниот совет затоа што сакаат да постигнат заедничка политика.

Таа рече: „Ова е техничка одлука. Тоа не е политичка одлука. Ние мора да продолжиме да ги следиме најдобрите научни информации обезбедени од ЕМА во нејзините мислења. Не смееме да заборавиме дека индивидуалните одлуки влијаат на сите “.

Извор: Гардијан

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис