БРИТАНИЈА: Зошто има пад на закупи по 5 години?
Објавено во: Свет 16 Август, 2016
Цените за закуп во Лондон паднаа во јули прв пат од ноември 2010 година.
Ова се наведува во анкета направена по Брегзит. Групата Кантривајд во месечниот извештај споменува дека цената за закуп паднала за 0.5% во јули во однос на јули 2015 година.
Џони Морис од групата објаснува дека се зголемила понудата на станови и затоа киријата е намалена.
Тој објаснува дека имало нестабилност на пазарот затоа што многу купувачи сакале да направат трансакции пред да се зголеми данокот во април.
Пред и по референдумот владее несигурност поради што се свртени граѓаните кон закуп на имот.
Гледано на ниво на цела Британија на годишно ниво закупите пораснале за 1.5%.
Одлуката на Британците да ја напуштат ЕУ најмногу се почувствува во Лондон, каде пазарот на недвижности последните години „цветаше“.
Друга студија покажала дека цената на недвижностите пораснала незначително.