БРНАБИЌ УВЕРУВА: Србија ќе ја избере ЕУ пред Русија!
Објавено во: Балкан 04 Јули, 2017
Ако Србија биде принудена да избира меѓу поблиски врски со Русија и членството во Европската унија, таа ќе донесе одлука во поддршка на втората. За ова уверува новиот премиер во Белград Ана Брнабиќ во интервју за американската агенција Bloomberg.
Брнабиќ потврди дека како премиер ќе ја продолжи политиката на својот претходник - Александар Вучиќ, актуелен претседател на земјата. „ЕУ е местото каде одиме“, уверува Брнабиќ , првата жена при тоа со хомосексуална ориентација, која ја презеде власта во Србија.
„Имаме една емотивна врска со Русија поради традицијата, културата и верата“, објасни Брнабиќ, додавајќи дека голем дел од Србите ја сметаат Руия како "брат, како наш заштитник“.
Според неа, овие чувства не може да се игнорираат. „Но, нашиот стратешки пат е ЕУ“, категорична е Брнабиќ .