24 Октомври, 2020
0.0221

БРЗИ КОВИД ТЕСТОВИ - ќе чинат 1.000 денари, ама позитивните ќе мора да направат и ПЦР тест

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2020

Следната недела во земјава треба да пристигне пратката од 4.000 брзи ковид тестови. Пет компании чии тестови имаат зелено светло од СЗО се во игра за од нив да се набават тестовите. Тоа за Канал 5 го изјави директорот на Здравствен дом Виктор Исијановски. 

Ако пристигнат навреме, пациентите ќе ги прима Поликлиникта во Ѓорче Петров, што би се случило за околу десетина дена.

Тестот би чинел најмногу 1.000 денари.

Ова Исијановски уште пред неколку дена го изјави за Фактор. 

Ова ќе биде добра можност секој пациент да провери дали симптомите кои ги има се на грип или на Ковид, а притоа и да заштеди средства. 

„Тестовите ќе се прават на 15 до 20 минути, а резултатите ќе се добиваат веднаш“, рече Исијановски.

Сепак, ако брзиот тест се покаже позитивен, лицето ќе мора да направи и втора потврда преку ПЦР тест за да се докаже дека е позитивно на коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира

Каракачанов за Сител: Блокада за ЕУ ќе разбуди македонски политичари од југословенскиот сон

Каракачанов за Сител: Блокада за ЕУ ќе разбуди македонски политичари од југословенскиот сон

Починатиот 36-годишен пациент имаше дијабетес и масивна пневмонија, водеше тешка битка со Ковид: Д-р Стевановиќ за Фактор

Починатиот 36-годишен пациент имаше дијабетес и масивна пневмонија, водеше тешка битка со Ковид: Д-р Стевановиќ за Фактор

Филипче вечерва: Се тестира во три смени, од понеделник ќе бараме и нови термини

Филипче вечерва: Се тестира во три смени, од понеделник ќе бараме и нови термини

Нови пациенти во болниците: 600 луѓе се хоспитализирани, се бараат места по клиниките

Нови пациенти во болниците: 600 луѓе се хоспитализирани, се бараат места по клиниките

Меѓу починатите има млади лица на 36, 44 и 53 години: Црна ковид статистика

Меѓу починатите има млади лица на 36, 44 и 53 години: Црна ковид статистика

Резултатите доцнеа: За 24 часа, 518 новозаболени, девет мртви

Резултатите доцнеа: За 24 часа, 518 новозаболени, девет мртви

Заев: 5G мрежата ќе има попозитивни ефекти од електричната енергија

Заев: 5G мрежата ќе има попозитивни ефекти од електричната енергија

Нема термини за тестирање, министерот уверува дека викендов ќе се тестира со полн капацитет и без паузи

Нема термини за тестирање, министерот уверува дека викендов ќе се тестира со полн капацитет и без паузи

Ако има потреба повторно ќе требаат ПЦР тестови за Косово

Ако има потреба повторно ќе требаат ПЦР тестови за Косово