Секој граѓанин кој се сомнева, без консултација со матичен ќе може да направи брз тест за ковид во пунктот во Ѓорче Петров
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2020
Во Поликлиниката
Ѓорче Петров, односно во пунктот за тестирање, за отприлика две недели ќе ги
има брзите тестови за Ковид-19, кои же даваат резултат за 15 до 20 минути, вели
за Фактор директорот на Здравствен дом-Скопје, д-р. Виктор Исјановски.
-Ова треба да почне да функционира за отприлика две недели од сега. Квалитетот на овие брзи тестови треба да биде потврден во нашава земја, постојат неколку фирми кои тоа може да го реализираат, а регистрацијата секако ттреба официјално да биде заведена од МАЛМЕ. Самата постапка е многу едноставна. Се зема брис само од нос, и резултатот е готов најмногу за 20 минути. Ако е негативен, значи понатаму не треба да постојат никакви стравувања кај граѓаниот дека е заразен со корона вирусот, но доколку тестот излезе позитивен, тоа же мора да се потврди и со ПЦР тест, вели д-р. Исјановски.
Тоа што посебно сакаше да го нагласи е дека во време на есенските и на зимските месеци кога почнуваат и настинките и гриповите, ваквите тестови ќе бидат од голема корист за граѓаните, а и цената ќе биде 1.000 денари
-Кога ќе ги имаме брзите тестови за ковид, секој од граѓаните кои чувствува извесна здравствена потешкотија, некоја покачена температура, кашлица, се она што на некој начин упатува на корона вирусот, може без претходна консултација со матичен лекар, да дојдат во пунктот за тестирање во Поликлиниката Ѓорче Петров, да дадат 1.000 денари и да кажат дека сакаат да направат брз тест. Евентуално ако се позитивни, тогаш мора да се јават кај матичниот, кој ќе им закаже термин за ПЦР тест, појаснува детално д-р. Исјановски.
Тој вели дека ова е во интерес на граѓаните, кои ако се сомневаат и имаат одредени симптоми, да не мора да ги фаќа паника и веднаш да размислуваат дека се болни од корона вирусот, напротив самоиницијативно да си го направат брзиот тестот, а при тоа да не мора да даваат поголема сума пари за ПЦР-тестирање.
Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.