05 Мај, 2024
0.0240

Буџет за образование: Ќе има ли повисоки плати и нови школи?

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Спортски сали во основните и средните училишта, изградба на нови и реконструкција на постоечките студентски домови- скроен буџетот за секторот образование. Проектиран на 406 550 211 евра. Од нив  за плати и надоместоци се предвидени 56 955 284 евра, а образовната администрација ќе добие  6 837 821 евра.

За  основните цели за  целосен опфат на децата во основното и средното образование, како и зголемување на квалитетот на системот,  во буџетската пресметка се предвидени  15 787 187 евра за основно образование , за средно  12 310 520 евра. Изградбата  на училишни спортски сали во основни училишта  е планирана да се прави со 4 039 967 евра. Ученичкиот стандард според предвидените средства ќе се подобрува со 6 695 934 евра. 

Ќе има пари и за инвестиции  во образованието. Од  новиот буџет ќе се издвојат 14 630 796 евра.  Изградбата  на основни училишта  ќе се менаџира со 2 643 902,  а за реконструкција се предвидени 813 008 евра.

За реализирање на високо образовната дејност  се предвидени 104 250 130 евра, а за подобрување на стандардот на студентите се планирани  13 957 723 евра. За наука во новиот буџет се издвоени  6 926 796 евра,  а за научно истражувачка работа 1 544 715 евра.

Во 2018 година, Министерството за образование и наука ќе продолжи да врши подобрување на квалитетот на услугите за сместување во ученичките и студентските домови.

Изградбата  и реконструкцијата  на студентските  домови од новиот буџетски фонд ќе се покрива со 4 390 243 евра. Основната цел на оваа потпрограма е подобрување на инфраструктурата на студентските домови, подобрување на условите за сместувањето на студентите во домовите и обезбедување на поголема достапност на високото образование до сите.

Од високо образовните институции најголем дел од финансискиот колач ќе оди за најстариот универзитет УКИМ  кој ќе има на располагање 55 671 122 евра. Новиот универзитет “Мајка Тереза” кој почна со работа минатата академска година ќе се финансира со  буџет од  5 014 439 евра.

Бирото за  за развој на образование  ќе добие 3 727 642, а за  развој и подготовка на наставни програми  ќе бидат издвоени 476 910 евра.

Програмите за средно образование Кембриџ остануваат во проекциите на буџетот со расходи  тешки 81 300 евра.

Во предлог – буџетот е предвидено од септември следната година наставниците да  добијат 5 отсто покачување  на платата.

С.Б. 

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години